Менталното здравје на младите има директни импликации по нивната самодоверба, одлуките кои ги носат и однесувањето (пр. редовноста во училиштето, мотивацијата за учење, училишното постигнување, социјалното поврзување и сл.), како и по шансите за подобар живот и добро здравје во иднина.
Училиштата се исклучително важни како средина во која на децата може и треба да им се пружа поддршка за унапредување на нивната добросостојба и ментално здравје.
Светскиот ден на менталното здравје се одбележува секоја година на 10 октомври, со цел да се подигне свеста за проблемите со менталното здравје ширум светот и да се мобилизираат напорите за поддршка .
Во нашето училиште се одбележа Светскиот ден на менталното здравје со рализација на работилници од страна на наставниците и стручните соработници во училиштето, се изготвија едукативни флаери за учениците и родителите со совети за грижа за менталното здравје на децата. Ученичкиот парламент спроведе кампња за подигнување на свеста за грижата за менталното здравје.