Врз основа на Законот за основно образование, Службен весник на РСМ, бр. 161 од 5.8.2019 година и врз основа на критериумите за избор според Правилникот за видовите на пофалби, награди и педагошки мерки за учениците, од вкупно осум кандидати, првенец на генерација 2014/2023 година е ученикот Ѓорѓи Цветковски од 9б одделение, со вкупно 340 бодови.

   

Со својот успех и вложен труд во континуитет од почетокот на школувањето, во иднина ќе послужи како убав пример кај идните генерации за тоа каков треба да биде ставот кон училиштето и учењето и како се постигнува успех, затоа што стекнатите знаења се трајна вредност и служат во текот на целокупното живеење.

Ти посакуваме исполнета, убава и возбудлива иднина, а низ животот чекори цврсто и самоуверено. Одбери го вистинското за себе!