Ученици од деветто одделение при ООУ„Стив Наумов“ со предметниот наставник по хемија Лилјана Трајкова на ден 16.11.2023 година присуствуваа на 17-от „Хемиски спектакл“ на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

На овој настан беа презентирани повеќе спектакуларни хемиски експерименти  со цел популаризирање на хемијата како наука истакнувајќи го значењето и важноста на хемијата во секојдневниот живот.

 

Одговорен наставник

Лилјана Трајкова

___________________