Во периодот од 30ти Мај до 13ти Јуни десет ученици од нашето училиште заедно со наставничката по Англиски јазик, Бојана Митевска, учествуваа во интеркултурната размена во Троген, Швајцарија во рамки на проектот„Инклузија на деца со посебни образовни потреби“.
За време на престојот учениците се стекнаа со знаења од областа на интеркултурната комуникација, принципите нa детските права и анти-дискриминацијата. Преку најразлични работилници и активности тие стекнаа вештини за себеспознавање, меѓусебно почитување, разбирање и толеранција помеѓу различните култури.
На крајот од оваа размена, поделени во две групи, учениците изработија акциони планови кои ќе треба да ги реализираат во текот на месец септември и со тоа ќе ги пренесат своите знаења на нивните другарчиња-врсници.