На 22.9.2023 година, се одржа првиот состанок на Ученичкиот парламент со членовите-претседатели на паралелките од второ до деветто одделение. Значењето за постоењето на ученичките тела како и моделите на ученичко организирање во рамките на училиштето и нивните функции, беше една од точките на дневниот ред на состанокот. На состанокот беше избрано и раководството на Ученичкиот парламент. Ученикот Никола Тодоров од IXб беше избран за претседател, а ученичката Кјара Гогиќ од VIIIа за заменик претседател на Ученичкиот парламент.
Успешна работа на учениците им посакаа и директорката и стручните соработници, тимот кој секогаш ја следи и поддржува работата на Ученичкиот парламент.
Поддршка, помош, соработка, комуникација и тимска работа-за успешна работа на Ученичкиот парламент!
Одговорни наставници: Благица Илијевска и Валентина Соколова