На ден 13.12.2023 год среда учениците од IV одделение од ООУ„Стив Наумов“ беше реализирана посета во општина Гази Баба планирана според наставниот план и програма за IV одделение по предметот историја и општество.
Учениците во кабинетот на градоначалникот имаа можност да се запознаат со работата на градоначалникот,поставувајќи низа прашања поврзани со органите во општината, улогата и работата на градоначалникот,идните планови и проекти за унапредување на животот во општината.
Потоа учениците ја посетија салата за состаноци, се запознаа со работните обврски на секретарот и научија како работи едношалтерскиот систем во општината.
Учениците ги продлабочија знаењата за работата на општината и градоначалникот.
Со прекрасни впечатоци ја завршија посетата, импресионирани, насмеани и задоволни раскажуваа за доживеаното искуство.