Под мотото „Секој може да биде Дедо Мраз“ го одбележавме 5-ти Септември Денот на волонтерството и заеднички повторно  ставивме акцент на промовирање на  хуманистичките и алтруистички вредности.

Со добра волја, желба и мотивација учениците од нашето училиште поддржани од своите наставници и родители изготвија и подарија прекрасни новогодишни пакетчиња и израдуваа многу дечиња.

Годинава се вклучивме и во  иницијативата на Црвен Крст на град Скопје „Волшебна елка на желби”. Ученици од деветто одделение купија подароци за дел од децата од згрижувачки семејства, им ги подарија лично и имаа можност да се дружат со нив.