15 Септември е Светски ден на чистење, во нашето училиште беше одбележан со еко-акција во училишниот двор, во која се вклучија учениците и наставниците од еко-тимовите, поддржани од директорката на училиштето.

Се чистеше училишниот влез, парковите околу училиштето, и преку оваа акција докажавме дека можеме да имаме чиста средина за подобро здравје, но и подигање на јавната свест дека отпадот има соодветно место и силна желба ,, Сакаме свет без отпад .

Акцијата не застанува тука, ги потикнавме учениците секојдневно да се грижат за чистата средина!!!

Со овие работилници повторно се истакна значењето на природата за човештвото.

Предметен наставник: м-р Марина Грамова

Одделенски наставник: Ивана Саздовска Спасиќ