На 20 ноември го одбележавме Светскиот ден на детето на кој во фокусот беа ставени детските права и обврски, и тоа преку реферат и мултимедијални презентации за детските права и обврски, работилници за изработка на флаери со детски права и нивна меѓуодделенска размена, уникатни илустрации со пораки за детските права и ликовни изложби.

 

 

 

Учениците од одделенска настава присуствуваа и на 54. издание на детскиот музички фестивал „Златно славејче 2024“ каде во радост и во весела атмосфера уживаа на овој посебен ден следејќи ги новите музички детски хитови и продолжувајќи ја традицијата за посета на ова впечатливо музичко обележје на нашиот главен град.

                                     Координатор за Детска организација:

Одделенски наставник – Елизабета Каранфилова