На ден 14.11.2024 (четврток) во рамки на проектот „Градиме мостови“ се реализираше петтиот заеднички час помеѓу ученици од нашето училиште, од VIII-а одделение, и ученици од ООУ „25 Мај“, од VIII -3 одделение. На часот по математика учениците од двете одделенија се запознаа со 3D формите и нивната мрежа, каде заедно дебатираа и дискутираа за составувањето на 3Д формите користејќи мрежа на 3Д форми.

Проектот е поддржан од ОБСЕ, МОН и Општина Гази Баба.
Координатор на проектот: Даниела Моневска