На ден 22.01.2025 (среда) во  рамки  на проектот „Градиме мостови“ се реализираше заеднички час, прв за второто полугодие, помеѓу ученици од нашето училиште, од VIII-а одделение, и ученици од ООУ „25 Мај“, од VIII -3 одделение. На часот по математика учениците соработуваа, си помагаа и стекнаа нови знаења за собирање и одземање децимални броеви.

Проектот е поддржан од ОБСЕ, МОН и Општина Гази Баба.

Координатор на проектот: Даниела Моневска