Стручните соработници  м-р Билана Василевска и Билјана Теовска со ученичкиот парламент одржаа работилница на тема: “Врсничка поддршка и соработка“

Целта на работилницата е запознавање на учениците со значењето на квалитетни врснички односи, врсничката поддршка и соработка. Поттикнување на учениците на меѓусебна соработка и поддршка, да си помагаат во учењето, подобро да се запознаат меѓусебе и да споделуваат  знаења и искуства поврзани со различни сегменти од животот.

Поддршката во училиштето е важен заштитен фактор што придонесува за менталното здравје и благосостојбата на учениците. … Преку практични  активности и дискусии, учениците истражуваат и применуваат низа социјални и емоционални вештини, што доведува до подобрување на позитивниот социјален ангажман во и надвор од училиштето.