На ден 06.06.2024 год четврток во паралелката на IV б одделение се реализираше работилница на тема – Активно вклучување на учениците во создавање на демократска атмосфера во училницата како исход од претходно реализирана посета на култни објекти и институции, дел од нашето историско минато.

 

Целта на работилницата беше  практична примена на идеи, ставови, креативни вештини и техники во подигнување на свест кај учениците за значењето и соработката со локалната заедница преку ученички активности.

 

Учениците активно и со задоволство се вклучија во интерактивните активности, со многу,внимание, ентузијазам и љубов доследно го презентираа својот труд.