Нашето училиште е вклучено во кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ во организација на компанијата „МАКПЕТРОЛ“. Како дел од кампањата во нашето училиште беа реализирани психолошки работилници со учениците од VI до IX одделение од страна на надворешни стручни лица , психолог/психотерапевт и специјален едукатор и рехабилитатор во соработка со стручните соработници во училиштето.
Целта на работилниците е да се подигне свеста за негативното влијание на булингот и да се охрабрат учениците отворено да зборуваат за врсничкото насилство.
Крени глас против врсничко насилство! Home