Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1 Април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии.

1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.

Традиционално секоја година нашето училиште ООУ “Стив Наумов”- Скопје организира изложба и избор на најдобра креација на првоаприлска маска. Учениците од IVа одделение, кои следат настава од далечина, го одбележаа овој ден и изработија маски според нивна замисла.

Одделенски наставник                                                                         Датум 01.04.2021 година 

Руменка Дејанова