На ден 27.11.2024 (среда) во рамки на проектот „Градиме мостови“ се реализираше првата воннаставна активност помеѓу ученици од нашето училиште, од VIII-а одделение, и ученици од ООУ „25 Мај“, од VIII-3 одделение.

Учениците го посетија Природно – математичкиот факултет и беа на институтите за етнологија и антропологија, хемија, физика и биологија. Притоа имаа можност: да се запознаат со културата на македонскиот народ и други етнички групи; да го видат периодниот систем на елементи составен од елементите со нивниот физички изглед и да присуствуваат на некои експерименти од хемија и физика.

На крајот ја посетија и ботаничката градина каде учениците имаа можност да видат различни видови ретки растенија, како и дел од инсектите кои живеат на нашите простори. Учениците се дружеа и понесоа интересни впечатоци.

Проектот е поддржан од ОБСЕ, МОН и Општина Гази Баба.
Координатор на проектот: Даниела Моневска