На ден 28.05.2024 (среда) во рамки на проектот „Градиме мостови“ се реализираше втората воннаставна активност помеѓу ученици од нашето училиште, од VIII-а одделение, и ученици од ООУ „25 Мај“, од VIII-3 одделение.
Учениците ја посетија Метеоролошката станица на Зајчев рид. Притоа имаа можност да се запознаат со опремата која ја користат синоптичарите за прецизно следење на временските услови и благовремено прогнозирање на времето. Учениците се дружеа и понесоа интересни впечатоци. Ова воедно беше и последната активност предвидена со овој проект.
Проектот е поддржан од ОБСЕ, МОН и Општина Гази Баба.
Координатор на проектот: Даниела Моневска