Саемот на книга 2025, најголемиот книжевен настан во земјата, оваа година се одржа под мотото „Храна за душа“, истакнувајќи ја моќта на пишаниот збор да инспирира, образува и збогатува. Оваа меѓународна манифестација претставува водечки настан за љубителите на убавиот пишан збор во нашата земја и можност на едно место да се видат најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи. Како и секоја година, на 14 мај нашето училиште беше во организирана посета на Саемот на книгата со учениците од IX одделение и одговорните наставници. Посетата се реализираше од 12 до 14 часот.

Одговорни наставници: Магдалена Јанковска и Игорче Дунимаглоски