ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ НА  УЧЕНИЧКИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ


ООУ „Стив Наумов“ Скопје –  објавува повик за избор на ученички правобранител и  заменици на ученичкиот правобранител.

 

Ученичкиот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училишен кадар и Народен правобранител).

 

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на  пријавување за функцијата ученички правобранител имаат  учениците од  7, 8 и 9 одделение.

Право на  пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 7, 8 и 9 одделение.

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.

Заинтересираните ученици можат да подигнат пријава од педагог/психолог или веб-страната на училиштето. Потребно е кандидатите документите за пријавување да ги пратат на е-mail на училиштето ou_stiv_naumov@yahoo.com или да ги достават кај педагог/психолог.

Мотивационото писмо се доставува во слободна форма.

Краен рок за поднесување на документите: 12.10.2023г.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Избор на ученички правобранител и негови заменици вршат учениците од 7 до 9 одделение според  следните критериуми:

  • пол,
  • возраст,
  • основно познавање на детски права,
  • мотивација за пријавувањето,
  • комуникациски и организациски способности,
  • етничка припадност,
  • претходно искуство односно вклученост во вон-наставни активности.

 

  1. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на Ученичкиот правобранител и неговите заменици:
  • Учество на воведна обука за улогата и обврски на ученичкиот правобранител, организирана од страна на педагошко – психолошката служба (тимот за поддршка на ученичко учество);
  • Промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;
  • Прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права);
  • Редовна комуникација и координација со педагошко – психолошката служба.

 

Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години (доколку правобранителот е 9 одделение, неговиот мандат е една учебна година).

Лица за контакт: педагог/психолог

Град: Скопје   Датум: 02.10.2023г.

 

 

Пријава за ученички правобранител

Пријава за заменик на ученички правобранител