На Регионалниот натпревар по географија одржан на 16.03.2024 година (сабота), во организација на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ„ под менторство на м-р Грамова Марина учествуваа ученици од VII и VIII одделение од ООУ Стив Наумов .
Учениците од VII одд., Нела Ацковска и Никола Демјански обезбедија пласман на Државен натпревар.
Учениците од VIII одделение, Мила Ангелковска, Сара Ангелковска и Ива Ѓорѓиевска го завршија натпреварот со освоена пофалница – уверение за учество на регионален натпревар по географија.
Успешна работа и одлични резултати во понатамошното натпреварување на нашите ученици.