На Општинскиот натпревар по географија, 2024 година, во организација на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ„ се одржа на 17.02.2024 година (сабота), во 10.00 часот.

Нашето училиште  ООУ ,,Стив Наумов“ го преставуваа учениците Никола Демјански, Нела Ацковска и Стефан Мојсоски ученици од VII одделение под водство на ментор м-р Марина Грамова.

Ученици од VIII одделение под водство на ментор м-р Марина Грамова се Мила Ангелковска, Сара Ангелковска и Ива Ѓорѓиевска.

Учениците  ги постигнаа следните резултати и освоени места од VII одделение,  Нела Ацковска со 88 поени, Никола Демјански со освоени 86 поени и продолжуваат на регионалниот натпревар, а Стефан Мојсоски освои 77 поени.

Ученици од VIII одделение Мила Ангелковска обезбеди прво место со 100 поени, Ива Ѓорѓиевска со 98 поени, Сара Ангелковска со 91 поен и продолжуваат на регионалниот натпревар.

Им честитаме и им посакуваме успех на претстојниот Регионален натпревар кој ќе се одржи на 16.03.2024 година.

Училишниот натпревар по географија 2024 година,  се одржа на 09.02.2024 година (петок) во нашето училиште.

Учество зедоа шест ученици од VII а (Нела Ацковска, Хана Цветковска и Ата Хусејин Кутај), VII б ( Јана Коџобаши и Никола Демјански) и VII в одделение Стефан Мојсоски, а првите  три учениците со најголем  број на освоени бодови продолжуваат на Општински натпревар во организација на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“– Скопје.

Учениците од ООУ „Стив Наумов” на натпреварот ги постигнаа следните резултати и освоените места.

  1. НЕЛА АЦКОВСКА      I МЕСТО VII A одделение
  2. СТЕФАН МОЈСОСК    II МЕСТО VII В одделение
  3. НИКОЛА ДЕМЈАНСКИ III МЕСТО VII Б одделение

Предметен наставник:

м-р  Грамова Марина