Под мотото „Биди љубезен со себе, другите, природата…“ учениците од ООУ„Стив Наумов“-Скопје го одбележаа 21 Септември- Меѓународниот ден на мирот. Учениците преку пораки, беџови, цртежи и прегратки во разни бои повикаа на мирољубивост, љубезност и добронамерност во целиот свет.
„Дрвото на мирот“ кое е изработено од посветени вработени и ученици со поддршка на ПДАС „Меѓаши“ сè уште цути во нашето училиште и е симбол на нашите заложби да изградиме личности кои се емпатични, толерантни, одговорни и компетентни да се соочат со предизвиците на современото општествено живеење и да придонесат кон позитивни општествени промени.
Нашето училиште веќе неколку години е активно вклучено во Програмата за Мировно образование на ПДАС „Меѓаши“ и понатаму остануваме посветени на градењето мир и соживот.