„Облечи се во мир“ беше мотото под кое ученици од ООУ „Стив Наумов“ го одбележаа Меѓународниот ден на мирот. Учениците со посебна техника на боење на своите стари маици им дадоа нов лик и на истите испишаа пораки за мир, а потоа си ги подарија еден на друг.