15 Септември е Светски ден на чистење, посветен на расчистување на околината и правење на животната околина поубава. По тој повод на 15.09.2023 година и нашето училиште ООУ „Стив Наумов” се приклучи кон оваа акција за чистење на отпадот. Оваа година мотото е „Да го исчистиме светот„. Во нашето училиште се организираше акција за чистење на сметот и сувите гранчиња во училишниот двор, за почиста животна средина и почисто училиште, се прочитаа литературни творби и реферат.

Се чистеше училишниот влез, парковите околу училиштето, и преку оваа акција докажавме дека можеме да имаме чиста средина за подобро здравје, но и подигање на јавната свест дека отпадот има соодветно место.

Акцијата не застанува тука, ги потикнавме учениците секојдневно да се грижат за чистата средина!!!

Предметен наставник : м-р МАРИНА ГРАМОВА

Одделенски наставник : ИВАНА САЗДОВА