Мирот е бело платно, широко како небото. На него децата сликаат со боите на среќата — жолти сонца, сини реки, зелени дрвја што се прегрнуваат. Секој потег на четката е насмевка, секоја боја — глас што зборува за радост. Детските раце не градат ѕидови, туку мостови од љубов и топлина.


На платното никнуваат пораки „Мир за сите“, „Да се сакаме“, „Светот е наш дом“… Тие не се само зборови, туку семиња што ‘ртат во сечие срце. Додека боите танцуваат, а платното се претвора во песна, упатуваме порака: вистинскиот мир започнува таму каде што децата сонуваат — со четка, со боја, со љубов.