Од 15.4.2024 до 19.4.2024 год. беше изведена Настава во природа за учениците од V одделение. На наставата во природа присуствуваа 79 ученици со своите одд. раководители : V-a Гордана Мацкова, V-б Славица Трипуноска, V-в Јулијана Печевска и V-г Благица Илијевска, водич и медицинско лице.
Во текот на првиот ден беа видени попатно многу градови и села – и дел од природните убавини на нашата татковина. Од страна на водичот од агенцијата на меморијалниот споменик во чест на паднатите борци од НОБ им одржа кратко предавање за градот Прилеп – Марковите кули и Могилата на паднатите борци. Потоа се посети археолошкиот локалитет Хераклеа каде учениците заинтересирано го следеа излагањето на кустосот. Од Хераклеа се упативме кон градот Битола – ги посетивме „Широк сокак“, Саат кулата, Безистенот, a потоа го продолживме патувањето кон Охрид попатно панорамски укажувајќи на природните убавини –населени места-села, Преспанско Езеро, градот Ресен…. пристигнавме и се сместивме во хотел „Чинго“ во Охрид. Во 19 часот вечера.
Вториот ден ги посетивме местата: Музеј на вода „Заливот на коските“-наколните живеалишта „Свети Наум“- изворите на реката Црн Дрим. По враќањето – ручек и одмор. Во попладневните часови учениците пишуваа извештај за посетите од денешниот ден и математика ги работевме мерките за должина.
Третиот ден -Разгледување на Плаошник, Самоилова тврдина, катедралната црква Света Софија, попатно ја видовме и куќата на Робевци поради врнежливото време не бевме во можност да се задржуваме и да ја посетиме. После ручекот следуваа активности за народното творештво, учење и анализа на песната „Билјана платно белеше“ со цел и да се повтори за нашето минато. Математика решавање на задачи со мерки за должина.
Четвртиот ден по доручекот се упативме кон Струга каде го посетивме „Природно-научен музеј“ – Никола Незглобински. Поради врнежливото време се вративме во хотелот и продолживме со активности пишување на извештај од посетата на музејот и илустрација од нивните впечатоци од музејот. После ручекот ја посетуваме црквата Јован Канео. Се движиме по патеката која не води покрај самото езеро и преку мостот на вљубените. Потоа прошетавме по „Чаршијата“- шеталиштето каде на крајбрежјето на учениците им беше објаснето за Охридското Езеро, богатиот растителен и животински свет – флората и фауната заштитените видови на риби-пастрмка и јагула како и за алги, полжави, плашици, бисери… од страна на водичот. Ликовно образование учениците цртаа одреден објект што им оставил впечаток од сите посети. После вечерата имавме учество во натпревар ,,Златен глас“.
Петтиот ден по доручекот презадоволни од престојот во хотелот се поздравивме и се упативме за Скопје со попатна посета на Вевчанските извори , но поради врнежливото време патот го продолживме. Панорамски го видовме Дебарско Езеро -хидроцентралите-Глобочица и Шпиље“, посета на манастирот Свети Георгиј Победоносец во с.Рајчица кој е женски манастир и е метох на Бигорскиот манастир, потоа го посетивме и „Св. Јован Бигорски“ со сите убавини-природа, иконостас, длаборез… Патот го продолжовме попатно по течението на реката Радика низ Националниот парк „Маврово“. Во Скопје стигнавме во 16: 30.
На оваа настава во природа учениците посетија и научија многу за нашето културно наследство од праисторијата па до денес. Имаа можност да ги видат и ги доживеат природните богатства на нашата татковина. И што е најважно научија да се грижат: за личната хигиена, за сопствените потреби, за личната и заедничката сопственост, за другарството и меѓусебното помагање, за дружељубивост, сплотеност, чувство за грижа, соработка, размена на идеи и мисли за културно однесување во хотел, ресторан, продавница, музеј, црква, џамија, сообраќај и сл.
Одговорен наставник: Гордана Мацкова