На ден 20 мај 2025 година, по повод празникот Св. Кирил и Методиј – Денот на сесловенските просветители, се оддржа воннаставна активност со пригодна програма во чест на светите браќа – основоположници на словенската писменост .
Активноста се реализираше во просториите на библиотеката „ Браќа Миладиновци“ во Автокоманда, во соработка со вработените во библиотеката. Во програмата учествуваа десет ученика од 7 и 8 одд.Учениците рецитираа песни посветени на животот и делото на Св. Кирил и Методиј и читаа текстови за нивниот значаен придонес за ширењето на писменоста меѓу словенските народи.
Настанот помина во свечена и инспиративна атмосфера, а учениците покажаа завидно ниво на подготвеност, креативност и интерес за темата.
Присутните наставници и библиотекари изразија задоволство од реализираната активност, упатија пофалби за учесниците и доделија благодарници за наставниците по македонски јазик : Олга Добревска, Магдалена Јанковска и Валентина Соколова.
Скопје,20.05.2025 г.