На ден 15.9.2023 година е реализирана активност под наслов  “Plant and Care for Peace” т.е „Засади и грижи се за мирот“, со што се придруживме кон одбележување на Меѓународениот ден на демократијата. На овој Меѓународен ден на демократијата, темата за 2023 година е „Зајакнување на следната генерација“. Со оваа активност се нагласува врската помеѓу негувањето на нашата планета и градењето глобални односи. Исто така, ја нагласува клучната улога на младите во справувањето со климатските промени.

Во активноста учевствуваа учениците од дневен престој од 2г, 4а, 4б и 4в одделение со наставничката Ирена Тричковска, како и учениците од 2в одделение заедно со наставничките Анетка Трајкова и Радица Стоилковска. За таа цел учениците засадуваа садници во училишниот двор и се погрижија да се собере отпадокот од училишниот двор.