Под покровителство на Општина Гази Баба специјалист ортодонт Др.Марија  Караѓозова од специјалистичка ординација по ортодонција Др.,, Караѓозова Ивановска,, која се наоѓа во Општина Гази Баба, подготви предавање на тема ,,Волшебната ортодонција – дел од превенцијата на дентофацијалниот систем.
Предавањето е во соработка со Општина Гази Баба и има за цел да ги  информира и запознае учениците од VIII и IX одделение со превенцијата и правилниот раст и развој на оралофацијалниот систем.
На  учениците им беа поделени едукативни флаери со правила за орално здравје како и хигиенски помагала за орална хигиена обезбедени од Општина Гази Баба.