Денот на екологијата и денот на пролетта во ООУ,,Стив Наумов“ се одбележаа со соодветни активности кои беа спроведени во текот на 28.02. 2025. Во активностите беа вклучени учениците од нашето училиште и вработените во училиштето.

Се реализираа следниве работни активности:

-работна акција за внатрешно чистење на училниците и ходниците;

-работна акција за чистење на училишниот двор;

-засадување на садници во определен простор;

-уредување на еко катчето.

 

За успешна реализација на сите овие активности, еко тимот во координација со Директорката и вработените во училиштето спроведоа повеќе работни акции на чистење:

-работна акција за внатрешно чистење на училниците и ходниците спроведена со учениците од VI до IX одделение. Сите ученици со своите класни раководители учествуваа во средување на својата училница за што беа обезбедени заштитни ракавици, соодведни крпи, сунѓери и универзални средства за чистење.

– работна акција за средување,чистење отпадоци во училишниот двор како и нивна селекција за рециклирање. Работната акција  во која учествуваа учениците од  I до  III одделение заедно со своите одделенски раководители.

– подготвување на простор за садење садници и  садење на садници, активност спроведена со учениците од IV одделение. Учениците предходно го подготвија теренот, со корнење на трева, копање на земјата, потоа ги засадуваа  цветните растенија.

-уредување на еко катчето работна активност  спроведена  од учениците од V одделение во координација на одделенските раководители. Учениците истражуваа, изработуваа хамери, пишуваа песни состави и истите ги истакнаа на еко катчето.

Одговорни наставници:

Предметен наставник: Марина Грамова

Одделенски наставник: Ивана Саздовска Спасиќ