На 14.11.2024 год., учениците од  IX-те одд, учествуваа на работилница ,,Колкав е твојот еколошки отпечаток?,, организирана од Прв Скопски Извиднички Одред – предавачи Бојан Ѓ. и Теодор П. Оваа презентација беше поддржана од општина Гази Баба и нашето училиште. На работилницата учениците се запознаа со поимот еколошки отпечаток.

Планетата Земја е нашиот дом. Овој дом го споделуваме со сите живи битија, а ние луѓето сме тие коишто уживаме во убавините и чудата на земјата, небото, водите и воопшто на животот во сите негови разновидности. Затоа, треба да се грижиме за животната средина во којашто живееме.

Учениците имаа прилика да одговорат на прашалник кој ќе им даде слика за тоа каков еколошки отпечаток прават како индивидуи, ќе допринесат за одржувањето на еколошкиот капацитет на нашата планета. Овој проект се организира со таа цел, да се развива еколошката свест и да се учи од рана возраст, бидејќи децата кои имаат чест контакт со природата во детството, создават љубов и почит кон целата животна средина и сè што нè опкружува.

Благодарност до едукаторите кои ја реазлизраа ова интересна работилница.

Предметен наставник :

м-р Грамова Марина