На ден 30.05.2023 година (вторник) е реализирана еднодневна екскурзија од едукативно-рекреативен карактер во Кратово.

Екскурзијата е наменета за учениците од III-то одделение, со цел учениците да се запознаат со одликите и историското минато, традицијата и обичаите на  градот, легендата и опејување во народното музичко творештво.

На екскурзијата присуствуваа 77 ученици со своите одделенски раководители, водич и медицинско лице.

Попатно учениците ги разгледуваа одликите на источна Македонија и ја посетија црквата “Св.Ѓорѓија” с.Нагоричане.

Во  Кратово следеше прошетка со водич и запознавање на учениците со легендите за потеклото на името на градот. Следуваше разгледување на споменици од минатото – мостовите (историја и значење) – саат кулите (историја и традиција) – дом на култура “Лазар Софијанов” детска ликовна колонија (културно-уметнички обележја) како и градски парк (природни убавини) во кој учениците се рекреираа и развиjа другарство и социјализација.

Одделенски наставнички: Андријана Стефановска, Марлена Најдовска, Анета Младеновска, Славица Стојаноска, Билјана Личкова и Тања Горгиева.

Одговорен наставник – Андријана Стефановска