На 26.11.2024 год среда во нашето училиште се реализираше стручно предавање на тема „Дигиталната зависност и негативните ефекти врз децата и адолесцентите“ предавањето го реализираше Д-р Буковец Џансун – Институт за јавно здравје, во рамки на македонското лекарско здружение.

Предавањето го следеа учениците од V (петто) a,б и в одделение за чија возраст соодветно беше наменето предавањето. Учениците со внимание и интерес го следеа излагањето на Д-р Буковец Џансун и интерактивно се вклучија во дискусии за одредени прашања. Споделуваа сопствени искуства и примери, свои размислувања, но стекнаа и нови знаења за состојбата и симптомите кои се појавуваат кај децата и адолесцентите како резултат на неконтролираната дигитализација.