Детската игра треба да се сфати како сериозна активност низ која децата се развиваат, обликуваат и ја ослободуваат својата креативност.

За остварување на оваа цел во нашето училиште со несебична поддршка на Советот на родители, Здружението асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и Градоначалникот на Општина Гази Баба, го создадовме детското забавно игралиште „Мојата оаза“ и сончевата училница. Ученици наши играјте, забавувајте се и бидете среќни!