Оваа учебна година Детската недела ја одбележавме во периодот од 06 до 12 октомври под мотото „Детето денес – иднината утре!“. Акцентот беше ставен на „Конвенцијата за правата на детето“ и со низа едукативно – креативни и културни активности учениците се потсетија на детските права, а првачињата беа воведени во детските права и должности и, преку свое директно вклучување и личен придонес, истите ги усвоија. Завршната пригодна приредба во рамките на Детската недела се одржа во петок, на 10.10.2025 година, со почеток во 09:30 часот.

Координатори за Детска организација:

Елизабета Каранфилова (одделенска настава)

Бојана Митевска (предметна настава)