Оваа година Детската недела, која се одржа во периодот 07-13.10.2024, ја одбележавме под мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство!“. Со пригоден реферат преку разглас сите ученици и вработени во нашето училиште имаа можност да се потсетат на значењето на детските права, но и на должностите што произлегуваат од нив.
Класните/одделенските раководители на Часот на одделенска заедница ги истакнаа одредбите од „Конвенција за правата на детето“, по што следеа низа активности во вид на презентации и работилници и истите беа заокружени со завршната манифестација – приредба за првачиња по повод Детска недела.
Сите првачиња, предводени од своите одделенски наставнички, беа вклучени во работилници каде за прв пат поопширно се запознаа со детските права преку свое активно и непосредно учество во изработка на постери и преку нивна презентација. Постерите беа изложени и на пригодната приредба, а ќе ги красат и холовите на нашето училиште и постојано ќе потсетуваат на почитување на детските права и на овозможување достоинствено и среќно детство за секое дете.
Координатор за Детска организација:
Одделенски наставник – Елизабета Каранфилова