Мартинката се става на 1 Март, односно на почетокот на месецот и се носи до крајот. Се верува дека носи среќа, здравје и бериќет. Инаку мартинката е симбол на древно – македонскиот празник Ксантика.
Mартинките се прават на тој начин, што се усукуваат две нишки од црвен и бел конец или волнена преѓа и така усукани се ставаат, најчесто околу раката.
Мартинките се носат до појавата на првото процветано дрво и се врзуваат на него замислувајќи желба!
Традиционално секоја година во нашето училиште ООУ “Стив Наумов”- Скопје се изработуваат креативни мартинки.
Датум 01.03.2024 година
Одделенски наставник
Руменка Дејанова