По повод патрониот празник на ООУ „Стив Наумов“, 28-ми Октомври, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, делегации од колективот на училиштето предводена од директорката Лилјана Стефановска, претставници од останатите училишта од општината положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Стефан Наумов Стив, кој се наоѓа во дворот на училиштето, оддавајќи му на тој начин почит на народниот херој.