На ден 14.05.2025 година (среда) со почеток во 10 часот во ООУ „Стив Наумов“ се спроведе симулациска вежба “Евакуација на ученици, повредени и персонал во случај на земјотрес и пожар“. Учесници во симулациската вежба беа сите ученици и вработени во училиштето.



Вежбата се реализираше во соработка со Црвениот крст на град Скопје, а свој придонес дадоа волонтерите од Тимoт за одговор при катастрофи со два тима кои симулираа пребарување, спасување и евакуација на повредени лица.


Вежбата е во рамки на планираните активности со училишната програма за заштита и спасување од елементарни непогоди и целта е учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, планот и начинот на евакуација во случај на земјотрес и пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставената ситуација.