Македонската банкарска асоцијација следејки го примерот на другите европски земји  по четврти пат го организира националниот натпревар „Европски квиз на пари“   на 24.03.2022 година (среда) во 12:30 часот на македонски јазик.

„Европскиот квиз на пари“ во услови на корона криза  се спроведе на начин различен од претходно утврдениот, односно:

– Право да се натпреваруваат имаат учениците од класовите пријавени на јавниот повик кој Македонската банкарска асоцијација го објави во јануари 2022 година.

– Учениците од пријавените класови ќе се натпреваруваат од својот дом и секој тим ќе се најави со пинот кој ќе  го даде Банкарската асоцијација   и ќе се натпреварува како тим од двајца натпреварувачи.

– Натпреварот ќе се одржи преку електронската платформа Kahoot! со емитување на натпреварот преку официјалниот канал на Kahoot! на YouTube

– Сите прашања ќе бидат со понудени одговори од кои само еден ќе е точен

– Освен точноста ќе се калкулира и брзината на натпреварувачот при одговарање.

Од ООУ,,Стив Наумов“-Скопје и оваа учебна година беа пријавени ученици од  8 и 9 одд. и тоа

8б-20 ученици

9в-28 ученици

или вкупно 48  ученици од училиштето под менторство на наставничките по математика Олгица Ристовска и Даниела  Моневска. Пријавувањето на учениците беше 01.02.2022 год.Учениците имаа посочено материјали за учење и во соработка со менторите дискутираа и усвојуваа знаења од областа на банкарството, осигурувањето , кредити и кредитни картички ,депозити.

Целта на натпреварот и на проектот воопшто е подигнување на финансиската едукација  кај ученици од 13  до 15 години.

На 11.02.2022 беше извршено пријавување на тимови за натпреварот  „Европски квиз на пари“. На 24.02.2022 со почеток во 14:00 часот преку Webex платформата учениците заедно со своите ментори учествуваа на   e-работна средба за подготовка за овогодинешниот Европски квиз на пари на покана на  Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.  На 14.03.2022 Македонската банкарска асоцијација достави список со шифри (nickname) за ЕКП за сите учесници.

На националниот  натпревар  ,,Европски квиз на пари“  кој се оддржа на  24.03.2022 година (четврток) во 12:30 часот на македонски јазик пријавени беа следниве ученици:

 Јана Петровска

Стефанија Петковска

Дина Тахир Богатиновска

Ања Ројчинова

Дариа Саздова

Сања Трајчевска

Тамара Јовевска

Ирина Стојанова

Деница Лотеска

Лела Савевска

Његош Јокиќ

Емили Шерман

Антонија Теовска

Теодора Хаџи Димовска

Моника Цветановска

Елена Крстева

На натпреварот учествуваа 879 ученици ( 439 тимови ) на возраст од 13 до 15 години од повеќе основи и средни училишта од целата земја.Најдобро пласираниот тим од нашето училиште го освои 19 -то место.

Постапката за користење на  Kahoot! е едноставна, во договореното време, на 24 март 2022 година во 12:30 часот за македонски јазик и во 12:00 часот за албански јазик, учесниците  можат да се вклучат на  натпреварот:

– со посета на страницата на YouTube каде ќе биде објавен посебен пин за секоја земја,

– ќе сe пријават на Kahoot! со пинот кој ќе  го даде Банкарската асоцијација  и секој тим како код ќе ги внесе шифри (nickname) и ќе пристапи на натпреварот.

 

 

                                                                                           Олгица Ристовска

                                                                                            Даниела Моневска

                                                                  (координатори и ментори на натпреварот)