Како дел од програмата за професионална ориентација за учениците, училишниот педагог и психолог со учениците од деветто одделение одржаа  предавање на тема:”Професионален и кариерен развој”.  Целта на предавањето е да им се помогне на учениците при изборот на средното училиште согласно нивните способности и интереси .

Особена чест ни претставува што во предавањето учество зеде и проф. д-р Лазар Јовевски, професор по трудово право. Тој со своето излагање ги мотивираше учениците како да направат вистински избор каде ќе  го продолжат своето образование.