Во просториите на нашето училиште, во период од  25.05.2022 год. до 01.06.2022 год.  во рамки на проектот „Кучето и детето да бидат весели и безбедни пријатели“ беа одржани работилници во сите паралелки од прво до петто одделение.

Идејата и реализацијата на проектот е на ЗДР „За подобар свет“- Скопје и истиот е подржан од општина Гази Баба.

Робет Петрушевски, ветеринар-едукатор одржа работилници со секоја паралелка од одделенска настава поединечно, со цел да ги запознае учениците со:

-правилна грижа за домашните миленичиња,

-придобики од заедничкиот живот на детето и кучето,

-ситуации во кои треба да се избегнува контакт со куче,

-начини на кои се приоѓа на куче (домашно или улично),

-постапки, односно начини на кои треба да реагираат во случај на напад од куче или чопор,

-запознавање со работата и услугите кои ги нуди здружението „Лајка“ итн.

На работилниците беа присутни и две домашни кучиња за да можат учениците директно, во контакт со куче, да ги увидат нештата за кои беше разговарано.

Одговорен наставник:

Ана Ристовска