Врз основа на Законот за основно образование, Службен весник на РСМ, бр. 161 од 5.8.2019 год. и одредбите на Правилникот за оценување, напредување, полагање на испити, видовите на пофалби, награди и педагошки мерки за учениците во основното училиште, Наставничкиот совет на ООУ „Стив Наумов“ -Скопје , на седницата одржана на ден 08.04.2021 година донесе

 

ПРАВИЛНИК

За видовите на пофалби, награди и педагошки мерки за учениците

во ООУ „Стив Наумов“-Скопје

 

 I ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој правилник се уредуваат видовите на пофалби, награди и педагошки мерки за учениците во училиштето и се уредува начинот на нивното доделување или изрекување.

 

II ПОФАЛБИ И НАГРАДИ

Член 2

Со пофалбите и наградите се стимулира развојот на позитивни особини кај учениците, се јакне вербата во сопствените можности и се дава признание за постигнатите резултати во воспитно-образовната работа.

Член 3

Пофалбите и наградите можат да се доделуваат на ученик, група ученици, ученичка секција, екипа или паралелка во текот или на крајот на наставната година.

Член 4

Ученик се пофалува и наградува особено за:

-залагање и напредување во наставата;

-залагање  и  постигнат  успех  во  слободните  ученички  активности;

(натпревари, литературни, ликовни и други наградни конкурси, изложби, лични трудови и слично).

-примерно поведение и позитивно однесување во училиштето и надвор од него;

-залагање и придонес во разновидни активности во училиштето и локалната средина ( еколошки, хуманитарни, културни и др.)

Член 5

Пофалби и награди се доделуваат на:

-паралелка која особено се истакнува со успех, поведение и редовност во извршувањето на училишните обврски

-група ученици, секција или екипа која постигнува особени резултати (прво, второ, трето место) на натпревари

-паралелка, група или секција која постигнува особени резултати во определена активност во училиштето и надвор од него( производствени, хуманитарни, културни  и др.)

Член   6

Пофалбите се доделуваат усно и писмено.

а)на ученикот му се доделува усна пофалба за :

-редовно присуство на настава и кога истиот нема ниту еден изостанок

-дисциплинирано и примерно се однесува кон учениците и вработените во училиштето

-ако со своите постапки им помага на другите ученици и истиот им служи за пример за солидарност, хуманост и правичност

б)на ученикот  му се доделува писмена пофалба за:

-освоено прво место на натпревар на државно и  регионално ниво

-активно учество во слободните ученички активности

-придонес во остварувањето на разновидните активности во училиштето и локалната средина

– особено истакнување со успехот и поведението

Член   7

Предлог за пофалби и награди дава раководителот на паралелката, предметниот наставник или стручен соработник. Одлука за награда или  пофалба донесува Комисијата за пофалби, награди и признанија составена од директор, стручен соработник, еден наставник од одделенска настава, еден наставник од предметна настава и двајца ученици од осмо одделение.

Член 8

Писмените пофалби се даваат во вид на дипломи, пофалници и признанија. Наградите се даваат во вид на определени вредности што одговараат на нивната педагошка намена (книга, билети за филмска, театарска, спортска и друга културно -уметничка претстава, платен престој во некое детско одморалиште, платено учество за екскурзија, претплата на весници, списанија, ученички прибор)

Усните пофалби се соопштуваат јавно пред сите ученици во училиштето (преку разгласот во училиштето).

Член 9

Доделување на пофалбите и наградите се врши на свечен начин пред учениците од паралелката, односно училиштето. Денот на свеченоста, односно денот на доделувањето на наградите, го определува Наставничкиот совет. Доделувањето на пофалбите и наградите се врши на патрониот празник на училиштето,  други празници, крајот на полугодието или крајот на наставната година.

Член 10

За пофалбите и наградите се води писмена евиденција во училиштето.

  

III ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА

Член 11

На крајот на деветтото одделение училиштето може да издаде диплома за првенец на генерација најмногу на тројца ученици.

Член 12

Постапката за избор на првенци на генерација почнува да тече по објавувањето на интерниот конкурс што се истакнува на огласната табла во училиштето.

Конкурсот се објавува во првата недела од месец мај и трае 10 работни дена.

Член 13

Предлог на ученик -кандидат за првенец на генерација може да даде: раководител на паралелка, предметен наставник, стручен соработник и директор или учениците.

Член 14

За првенец на генерација може да   конкурира и самиот ученик .

Член 15

Секој ученик – кандидат е должен до Комисијата за пофалби и награди да донесе пријава и документација наведена во  конкурсот.

Член 16

Комисијата за пофалби, награди и признанија ја избира Наставничкиот совет на училиштето. Комисијата за избор на првенец на генерација  е составена од директор, стручен соработник, еден наставник од одделенска настава, еден наставник од предметна настава и двајца ученици од осмо одделение.

Член 17

Комисијата за пофалби, награди и признанија ја разгледува целокупната документација на пријавените кандидати, ги применува одредбите од член 19 и 20 од овој Правилник, утврдува кандидатска листа за избор на ученик- првенец на генерација со бодовна листа и истата ја доставува до Наставничкиот совет.

Член 18

Одлуката за прогласување на ученик за првенец на генерација, ја донесува Наставничкиот совет на крајот на наставната година.

Член 19

За првенец на генерација може да биде прогласен ученик од деветто одделение кој ги исполнува следните критериуми:

-континуиран одличен успех и примерно поведение во сите одделенија

-освоени  дипломи,  признанија и награди на општинско, регионално и државно ниво

-истакнување во работата на ученичките организации

-активно учество во слободните ученички активности

-е редовен ученик во нашето училиште најмалку последните четири години од неговото образование.

 

III. 1 Начин на вреднување на активностите

Член 20

Активностите  наведени од член  19 се вреднуваат на следниот начин:

-континуирано примерно поведение од 1 до 9 одделение – 5 бода;

-континуиран одличен успех од 1 до 9 одделение -20 бода;

-за учество во слободните активности по 2 бода за секоја активност(доказ)

Врз основа на приложената документација на ученикот-кандидат и увидот во педагошката евиденција, Училишната комисијата за пофалби и награди врши бодирање на кандидатите според следните критериуми:

 

1. Учество и освоено место на натпревари по наставни предмети

Ниво на натпревар прво место второ место трето место учество
Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно
Учил. натпревар 4 2 3 1,5 2 1 1 0,5
Општ. натпревар 7 3,5 6 3 5 2,5 2 1
Градски,регионал 9 4,5 8 4 7 3,5 3 1,5
Државен натпр. 12 6 10 5 9 4,5 4 2
Меѓунаро. натпр. 15 7,5 13 6,5 10 5 5 2,5

 

2. Учество и освоено место на конкурси, изложби или ревии за ликовни творби, музички настапи, литературни творби, драмско, рецитаторско творештво

Ниво на натпревар прво место второ место трето место учество
Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно
Учил. натпревар 4 2 3 1,5 2 1 1 0,5
Општ. натпревар 7 3,5 6 3 5 2,5 2 1
Градски,регионал 8 4 7 3,5 6 3 2 1
Државен натпр. 10 5 8 4 7 3,5 4 2
Меѓунаро. натпр. 13 6,5 10 5 8 4 5 2,5

3. Учество и освоено место на спортски натпревари

Ниво на натпревар прво место второ место трето место учество
Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно Поед. Екипно
Учил. натпревар 4 2 3 1,5 2 1 1 0,5
Општ. натпревар 7 3,5 6 3 5 2,5 2 1
Градски,регионал 8 4 7 3,5 6 3 2 1
Државен натпр. 10 5 8 4 7 3,5 4 2
Меѓунаро. натпр. 13 6,5 10 5 8 4 5 2,5

 

Член 21

Ученикот кој е прогласен за првенец на генерација добива  диплома за првенец на генерација, а во зависност од можностите на училиштето и некоја вредна награда. Истата му се врачува на денот на доделување на свидетелството за завршено основно образование.

 

IV ПЕДАГОШКИ МЕРКИ

Член 22

Педагошките мерки во основното училиште се применуваат кон  ученикот кој не ги извршува обврските и ги повредува правилата на воспитно-образовната работа, а со цел да се постигне чувство на одговорност, спречување на негативните појави и непречено одвивање на наставниот процес како и други активности во училиштето и активности поврзани со него.

Член 23

Педагошките мерки се применуваат индивидуално и се темелат на објективност, одмереност, праведност и педагошка одговорност.

Забрането е физичко и психичко малтретирање на учениците.

Соопштувањето на педагошките мерки треба да има воспитен карактер и не смее да го наруши достоинството на личноста.

Член 24

На изрекувањето на секоја педагошка мерка му претходи разговор со ученикот и родителот/старателот на ученикот. Разговорот најпрво е должен да го води раководителот на ученикот, предметниот наставник, а потоа стручниот соработник или директорот на училиштето.

Член 25

Педагошките мерки на учениците се применуваат во следните случаи:

–         Нередовно посетување на наставата

–         Нарушување на правилата на однесувањето кон другите ученици, наставници и возрасни;

–         Неправилен однос кон училишниот имот;

–         Попречување на воспитно-образовната работа во паралелката и училиштето.

Член 26

Педагошки мерки се:

  1. Усна опомена;
  2. Писмена опомена;
  3. Укор

4.Преместување на ученикот во друга паралелка,

5.Намалување на поведението;

Член 27

Педагошките мерки од член 27 за учениците од 1 до 9 одделение ги изрекува:

1.Усна опомена  –  раководител на паралелката;

2.Писмена опомена  – раководител на паралелка;

3.Укор -Одделенскиот совет, Наставничкиот совет и Директорот на училиштето;

4.Преместување на ученик во друга паралелка – Одделенскиот совет, Наставничкиот совет и Директорот на училиштето;

5.Намалување на поведението – Одделенскиот совет, Наставничкиот совет и Директорот на училиштето;

Член 28

За учениците од прво до петто одделение се изрекуваат педагошките мерки од точка 1 и 2 од член 26

Член 29

Педагошките мерки за несоодветно однесување се изрекуваат во следниве случаи:

 

1.Педагошка мерка усна опомена

се изрекува во случај кога ученикот е три пати евидентиран во графата забелешки во одделенскиот дневник поради нарушување на воспитно-образовниот процес:

-непочитување на кодексот на однесување

-непочитување на кодексот за облекување

-нарушување на работната атмосфера на часот ( зборување на час, тропање по клупа, свиркање со уста, вербално  расправање со  наставник, излегување од час  (или влегување ) без дозвола од наставник, користење мобилен телефон на час, непристојно (вулгарно)  однесување кон соученик или наставник на час, одмор и во училишен автобус;

-валкање на училишниот простор и околината (пр.фрлање на отпад вон корпите за отпадоци);

2.Педагошка мерка писмена опомена

се изрекува во случај кога ученикот е пет пати евидентиран во графата забелешки во одделенскиот дневник поради нарушување на воспитно-образовниот процес:

-зборување на часот и по изрекување на педагошката мерка усна опомена;

-валкање на училишниот простор и околината (пр.фрлање на отпад вон корпите за отпадоци);

-користење недозволени извори на податоци за препишување при тест, контролна задача или писмена работа

-оштетување  на  училишниот  инвентар  (помали  штети:  шкртање по клупи и ѕидови)

-користење на мобилен телефон за време на часот

-несоодветно комуницирање преку социјалните мрежи (упатување навреди, објавување недолични натписи и објавување фотографии од друго лице без дозвола)

-неоправдано отсуство на ученикот од настава од 11 до 15 часа

Во случај на организирано бегање од часови од страна на една паралелка се изрекува писмена опомена од раководителот на паралелката.

Доколку истата паралелка го повтори делото , педагошките мерки продолжуваат во континуитет, постапно. Ако некои од учениците, кои учат во таа паралелка, претходно имаат добиено некоја педагошка мерка, кај нив ќе биде запишана следната педагошка мерка.

3.Педагошка мерка укор

се изрекува во случај кога ученикот е седум пати евидентиран во графата забелешки во одделенскиот дневник или следи по второ евидентирано (кај педагошко-психолошката служба, кај одделенскиот наставник или предметниот наставник) за неприфатливо однесување:

-предизвикување неред, создавање бука, довикување на часот;

-внесување или конзумирање на цигари и алкохол во училишниот двор и зграда;

-злоупотреба на мобилни телефони и други уреди во текот на наставата поради фотографирање и снимање недозволени содржини

-поттикнување и внесување на неовластени лица во училишниот двор

-поттикнување на други ученици на неприфатливо однесување

-вознемирување на учениците или вработените во училиштето преку упатување на недолични и навредливи зборови(пцовки)  и непристојни мимики и гестови

-вршење сајбер насилство(континуирано вршење притисок преку користење на социјалните мрежи употребувајќи недолични зборови, неодобрено објавување на фотографии и видео записи со недолична содржина направени во училиштето кои вршат повреда на угледот, честта и достоинството на личноста)

-изнудување пари  или други предмети од ученици

-крадење од училишен, ученички или личен имот на наставници

-поттикнување на говор на омраза, политичко и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја

-внесување на оружје и опасни предмети во училиштето и училишниотдвор

4.Педагошка мерка преместување во друга паралелка

се изрекува  при повторување на постапките за која има изречена педагошка мерка укор и во случај кога ученик  ќе стори некоја од следниве постапки:

-попречување на воспитно-образовната работа со што е оневозможена нејзина понатамошна реализација;

-континуирана повреда на достоинството на други лица со навредување, омаловажување или ширење на лаги и невистини;

-поттикнување и внесување  неовластени лица во училишниот двор кои потоа нанеле штета на лице/а или имот во училиштето;

-намерно уништување и нанесување поголема штета на училишниот инвентар, зграда, сала и двор;

-предизвикување и поттикнување  насилно однесување (пр. пренесување на неточни информации кои се повод за насилното однесување, скандирање пред или по насилното однесување и снимање со мобилен телефон сл.);

-поттикнување, предизвикување и учество во физичка пресметка или друго однесување кое може да ја загрози сопствената и туѓата безбедност.

5.Педагошка мерка намалено поведение

се изрекува педагошка мерка намалено поведение на добро при повторување на постапките за кои ученикот има изречена педагошка мерка преместување во друга паралелка, како и во случај на :

-внесување или конзумирање  психоактивни супстанции во училишниот двор и зграда;

-внесување на оружје и опасни предмети во училиштето и училишниот двор;

-користење, злоупотреба, фалсификување  и уништување на службени документи на училиштето, сопствени и податоци на друг ученик од педагошката документација;

-педагошка мерка намалено поведение на незадоволително при повторување на постапките за кои ученикот има изречена педагошка мерка преместување во друга паралелка и  намалено поведение на добро

Член 30

Истовремено со изрекување на педагошките мерки директорот на училиштето формира Тим за поддршка кој ќе работи со родителот, односно старателот, ученикот, наставникот и паралелката, со цел надминување на проблемот.

Тимот за поддршка е составен од двајца претставници од редот на стручните соработници и еден наставник. Училиштето може да повика и трети лица, (социјален работник) да учествуваат во тимот за поддршка.

Член 31

За секоја изречена педагошка мерка се известува ученикот, неговиот родител/старател. За изречените педагошки мерки од член 26 точка  3,4 и 5 од овој Правилник, родителот има право да поднесе приговор до Училишниот одбор во рок од 7 дена од денот на известувањето на изречената педагошка мерка.

Член 32

Изречените педагошки мерки се евидентираат во соодветна педагошка документација:

-усна опомена (во дневник на паралелката, во евидентен лист за усна опомена)

-писмена опомена (во дневник на паралелката, во евидентен лист за писмена опомена)

-укор (во дневник на паралелката, Записник од комисија, Одлука од Наставнички совет за изрекување педагошка мерка)

-префрлување во друга паралелка (во дневник на паралелката, Записник од комисија и Одлука од Наставнички совет за изрекување педагошка мерка )

-намалено поведение (во дневник на паралелката, Записник од комисија и одлука од Наставнички совет за изрекување педагошка мерка )

Член 33

Изречените педагошки мерки од член 26 од точка 1 до точка 3 од овој Правилник важат најдолго до крајот на учебната година во која се изречени.

Кога ќе настанат позитивни промени во однесувањето кај ученикот, изречената педагошка мерка-намалување на поведението се повлекува.

За повлекувањето на педагошката мерка-намалено поведение одлучува Одделенскиот/Наставничкиот совет.

Член 34

Во одредени случаи кога е направено тешко прекршување на правилата на училишниот живот може да се пристапи кон изрекување на одредена педагошка мерка без да се следи редоследот на изрекување на педагошките мерки.

 

IV.1 ОТСУСТВО ОД НАСТАВА

Член 35

Секое изостанување или задоцнување на ученикот на наставен час задолжително се регистрира како оправден или неоправдан изостанок во одделенскиот дневник освен отсуство заради учество во вонучилишни активности (натпревари, квизови, проекти и сл.) и отсуство заради вонучилишни активности по писмено барање на родител/старател.

Член 36

За секое изостанување на ученикот од настава родителот е должен да го извести раководителот на паралелката за причините за изостанувањето.

Ако причината на изостанувањето на ученикот е болест, родителот е должен во најкраток временски рок да го информира раководителот на паралелката и за истото да достави лекарската потврда во рок од 7 дена.

Член 37

Родителот/старателот на ученикот е должен за секое изостанување на ученикот од наставата да го извести одделенскиот раководител на ученикот. Известувањето треба да го стори навремено-истиот ден кога ученикот е отсутен од настава.

Член 38

Изостаноците на ученикот ги регулира (оправдува или неоправдува), раководителот на паралелката.

Член 39

Се оправдува отсуство на ученик кој добил дозвола од одделенскиот раководител, предметен наставник, стручната служба или директор на училиште.

Член 40

Одделенскиот раководител на паралелката може да одобри отсуство на ученикот од настава доколку неговото изостанување родителот/старателот го најави однапред, но не повеќе од (5)пет дена во наставната година.

Директорот на училиштето по писмено барање на родителот/старателот од оправдани причини може да му дозволи на ученикот подолго изостанување од наставата, но не подолго од 30 дена.

Член 41

Доколку ученикот од било кои причини континуирано не ја следи редовната настава (една третина од фондот на наставни часови од одредени предмети) и нема основа  за оценување, полага одделенски испит според предвидените предмети со наставниот план. Оправданоста за причините ја оценува Наставничкиот совет.

Член 42

Раководителот на паралелката е должен однапред да го извести ученикот и неговиот родител/ старател со одлука на Наставничкиот совет дека ученикот ќе полага одделенски испит по одделни наставни предмети или сите наставни предмети.

Член 43

За учениците кои континуирано неоправдано отсуствуваат од настава повеќе од еден месец се  известува просветниот инспектор  во рок од три работни дена по истекот на месецот .

Член 44

За неоправдано отсуство од настава се изрекуваат следните педагошки мерки:

  1. До 10 часа неоправдано отсуство од настава – усна опомена од одделенски раководител;
  2. Од 11 до 16 часа неоправдано отсуство од настава – писмена опомена од одделенски раководител ;
  3. Од 17 до 20 часа неоправдано отсуство од настава – укор – Одделенскиот совет, Наставничкиот совет и директорот на училиштето;
  4. Од од 21 до 30 часа  неоправдано отсуство на ученикот од настава -префрлување на ученикот во друга паралелка -Одделенскиот совет,  Наставничкиот совет и директорот на училиштето;
  5. 31 до 40 часа неоправдано отсуство на ученикот од настава намалување на поведението од примерно на добро поведение – Одделенскиот совет, Наставничкиот совет и Директорот на училиштето;
  6. Од 41 до 50 часа неоправдано отсуство на ученикот од настава – намалување на поведението од добро на незадоволително – Одделенскиот совет, Наставничкиот совет и Директорот на училиштето;

 

 V ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 45

Со одредбите на овој правилник обврзно да се запознаат сите ученици  и родители веднаш по неговото усвојување и стапување на сила како и на почетокот на секоја година

Член 46

Овој правилник му се доставува на секој наставник или лице кое е директно вклучено во наставниот процес во училиштето

Член 47

Обврска на секој наставник е да постапува, се повикува и раководи според членовите од овој правилник

Член 48

Овој Правилник влегува во сила на денот на донесувањето и истиот ќе биде објавен на огласна табла во училиштето.

Член 49

Во прилог на правилникот постои и соодветна педагошка документација;

-евидентни листи за изречена педагошка мерка;

-одлука за донесување на педагошка мерка;

-записник од разговор;

-одлука за тим за поддршка на ученикот

Член 50

Овој Правилник влегува во сила на денот на донесувањето и истиот ќе биде објавен на веб страната на училиштето.

Скопје 2020/2021год                                 Наставнички Совет при ООУ“Стив Наумов“-Скопје

 

Прилози

 

 

Врз основа на член 72 од Законот за основно образование(Сл.весник на РМ бр.161/05.08.2019год. и член 26 од Интерниот правилник  за видовите на пофалби, награди и педагошки мерки за учениците во ООУ „Стив Наумов“-Скопје одделенскиот наставник/раководител изрекува

 

педагошка мерка усна опомена

на ученикот_____________________________________­­­______од ________одд.

поради:

1.Нередовно посетување на училиштето

2.Нарушување на правилата на однесувањето кон другите ученици, наставници и возрасни

3.Неправилен однос кон училишниот имот

4.Попречување на воспитно образовната работа во паралелката и училиштето

 

Родителот/старателот _____________________________________________на

 

ученикот/ученичката_____________________________________од _______одд.  е известен и запознат со изречената педагошка мерка и причините кои довеле до неа.

 

Скопје,___________год.

 

Одд.наставник/раководител                                         Родител

______________________                                      __________________

 

Врз основа на член 72 од Законот за основно образование(Сл.весник на РМ бр.161/05.08.2019год. и член 26 од Интерниот правилник  за видовите на пофалби, награди и педагошки мерки за учениците во ООУ „Стив Наумов“-Скопје одделенскиот наставник/раководител изрекува

 

педагошка мерка писмена опомена

 

на ученикот_____________________________________­­­______од ________одд.

поради:

1.Нередовно посетување на училиштето

2.Нарушување на правилата на однесувањето кон другите ученици, наставници и возрасни

3.Неправилен однос кон училишниот имот

4.Попречување на воспитно образовната работа во паралелката и училиштето

 

Родителот/старателот _____________________________________________на

 

ученикот/ученичката_____________________________________од _______одд.  е известен и запознат со изречената педагошка мерка и причините кои довеле до неа.

 

Скопје,___________год.

 

Одд.наставник/раководител                                         Родител

_____________________                                        __________________

 

Врз основа на член 72 од Законот за основно образование(Сл.весник на РМ бр.161/05.08.2019г.) и член член 26 од Интерниот правилник  за видовите на пофалби, награди и педагошки мерки за учениците во ООУ „Стив Наумов“-Скопје  на седницата на Наставничкиот совет, одржана на______________год.,  донесе

 

ОДЛУКА

за  изрекување  педагошка  мерка_________________________________________    на ученикот/чката_________________________________________од________одд.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

 Педагошката мерка на ученикот му се изрекува поради:

1.Нередовно посетување на училиштето

2.Нарушување на правилата на однесувањето кон другите ученици, наставници и возрасни

3.Неправилен однос кон училишниот имот

4.Попречување на воспитно образовната работа во паралелката и училиштето

 

Имајќи го предвид недоволниот ефект од претходно преземените мерки – за отстранување на непосакуваното однесување, изразени преку непочитување на кодексот на однесување, се донесе одлука како во диспозитивот.

 

ПОУКА:  Против оваа одлука може да се поднесе приговор до Училишниот одбор во рок од 7 дена од денот на приемот на одлуката.

 

 Скопје,___________год.

Директор:

Примил родител:                                               _____________________

__________________                                      / Елизабета Јовановска /

 

Врз основа на Член 72 од Законот за основно образование на РС Македонија број 161 од 05.08.2019 година и врз основа на член 22,23,24,25,26,27,28 и 29 од Правилникот за видови на пофалби, награди и педагошки мерки за учениците при ООУ„Стив Наумов “, Скопје, одделенскиот раководител на ден ____________ година, изготви:

 

ЗАПИСНИК

Од разговорот со ученикот___________________________________

од________одд. и родителот_______________________________________,

воден на ден_____________година.

 

Во текот на разговорот на ученикот и родителот им е укажано на последиците што можат да произлезат од непочитувањето на одредбите од Законот за основно образование.

 

Комисијата ги имаше во предвид сите околности што влијаеле ученикот да постапи спротивно на правилата на однесување во училиштето.

При изрекување на педагошката мерка ученикот, родителот и отанатите присутни изјавија:­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­

__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

 

Ученик   _________________                                         Одделенски раководител

 

Родител ________________                                       _________________________

 

М.П

Скопје __________годинa

 

Согласно член 72 став 2 од Законот за основно образование, службен весник на РСМ, бр. 161 од 5.8.2019 год. и член 30 од Интерниот правилник за видовите на пофалби, награди и педагошки мерки за учениците на ден______________год. директорот  на ООУ„Стив Наумов“- Скопје донесе

 

ОДЛУКА

за формирање тим за поддршка

на ученикот/чката ­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­____________________________________ од_______одд.

на кој/која му/и е изречена педагошката мерка:

  1. Усна опомена
  2. Писмена опомена
  3. Укор
  4. Преместување на ученикот во друга паралелка
  5. Намалување на поведението

Тимот за поддршка го сочинуваат :

1.________________________________стручен соработник ________________

2.________________________________ стручен соработник________________

3.________________________________одделенски  раководител____________

Директор

_____________________

/Елизабета Јовановска/