Под мотото „Помислете и на нас“, подмладокот на Црвениот Крст на училиштето традиционално се вклучува во Кампањата за борба против гладта.

 

Да се биде хуман и солидарен и да се помогне на гладните беше целта на годинешната собирна акција на храна, а истата ќе биде доделена на учениците од нашето училиште и нивните семејства кои во моментов имаат потреба од помош и поддршка.

 

Благодарност до сите ученици, родители и наставници кои дадоа придонес за успешна реализација на оваа активност која промовира колективна и индивидуална емпатија и  општествена одговорност.