Промовирање на ученичките иницијативи на Отворен ден на граѓанско образование во ООУ „Стив Наумов„ чија цел е поттикнување на одговорноста кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата, како и преземање активности за позитивни промени.
-Отварање на Клуб за учење и дружење-„Блесок“ во рамки на проектот „Редовно на часови“, Акција за вклучување на Ромите во основното образование, финансиран од Европската Унија, а го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со  Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.
-„Катче за одмор и дружење“ на учениците во рамки на  Кампањата за развивање свест за чување на училишниот инвентар под мотото „Чувствувај се и однесувај се како дома“. Иницијативата е поддржана од страна на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“,во рамки на проектот „Да ги земеме правата во наши раце“  финансиран од Шведската Влада и Save the children-Kosovo.
-Иницијатива на училишниот Клуб за едукација и превенција на Црвениот Крст на Македонија за помош и поддршка на социјално загрозените семејства  преку хуманитарна акција за собирање храна  под мотото „Помислете и на нас“ -Кампања  по повод 16 Октомври-Светскиот ден за борба против гладта.