На Општинскиот натпревар по географија, 2023 година, во организација на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ„ се одржа на 04.03.2023 година (сабота), во 13 часот.

Нашето училиште  ООУ ,,Стив Наумов“ го преставуваа учениците Хана Цветковска, Јана Коџобаши, Нела Ацковска ученици од VI одделение под водство на ментор м-р Марина Грамова .

Ученици од VII одделение под водство на ментор м-р Марина Грамова се Мила Ангелковска, Сара Ангелковска и Ива Ѓорѓиевска.

Милан Стојчевски и Димитар Тасков од VIII одделение под водство на ментор на м-р Марина Грамова.

Учениците  ги постигнаа следните резултати и освоени места од VI одделение Хана Цветковска обезбеди прво место со 100 поени, Јана Коџобаши трето место со 98 поени и Нела Ацковска со 86 поени и продолжуваат на регионалниот натпревар.

Ученици од VII одделение Мила Ангелковска обезбеди второ место со 91 , Сара Ангелковска  85 поени и продолжуваат на регионалниот натпревар, а ученичката Ива Ѓорѓиевска има освоено 80 поени.

Ученикот Милан Стојчевски од VIII одделение обезбеди трето место со 93 поени и пласман на регионалниот натпревар, а Димитар Тасков има освоено 60 поени.

Им честитаме и им посакуваме успех на претстојниот Регионален натпревар кој ќе се одржи на 08.04.2023 година.