Училишниот „Клуб за едукација и превенција“ на Црвениот Крст на РМ, ја одбележа „Неделата на хигиенизација“ од 8 до 15 април под мотото „Хигиената-лична одговорност за колективно здравје“.

На учениците од прво до деветто одделение им беше презентиран едукативен материјал чија цел беше да ја промовира хигиената кај младата популација, да ја зголеми свеста за јавното здравје и да укаже на важноста од превенција од заразни болести поврзани со лошите хигиенски навики, со акцент на пандемијата од КОВИД 19.