Link Online Learners ((LOL) е програма која влезе во вториот круг на селекција за најдобра образовна дигитална иновација на ELTons 2021 Innovation Awards во организација на Британскиот совет, а исто така е поставена на платформата на HundrED како образовна иновација со можност да биде селектирана како една од најинспиративните иновации за 2021 година.
За истото се заслужни и учениците од ООУ Стив Наумов од Скопје кои од оваа учебна година учествуваат во активностите на овој меѓународен линк. Децата уживаат во практичната примена на јазикот во реална социјална средина исполнета со најразлични активности.
Погледнете ги досегашните постигнувања на овој линк: