На 13.03.2023 год. дел од учениците од основно општинско училиште  –  ОOУ „Стив Наумов“ учествуваа во контактно – училишната емисија „ Ѕвон“  на покана од уредникот  Татјана Ласковска.

Учениците го претставија своето училиште, а воедно и активности во рамките на проектите  “Патека на хуманоста “, “Безбедност во училиштата“ и “Еколошка едукација во Македонскиот образовен систем“.

Се обележа и Меѓународниот  денот на мирот – преку изработка на еко мурал „Гулаб на мирот“ и „Дрво на мирот“.

Се презентираа содржини од страна на талентираните ученици од областа на музиката,  драмската и литературната скција како и работилници од областа на техничко образование и вештини.

Учесниците покажаа  голема креативност ,а  посебен акцент беше ставен на едуцирањето и другарувањето.

 

Датум 13.03.2023  година                                                                    Координатор:  Андријана Стефановска