Извештај за детска недела – прием на првачиња во Детска организација

 

Оваа учебна година со низа настани Детската недела се одбележа од 07 до 13 октомври, а најзначајниот настан кој првачињата од нашето училиште долго ќе го паметат се одржа на 10.10.2019 година (четврток) со почеток во 09:00 часот. По презентирањето на дел од правата на децата и пригодната програма  (деца водители Сара Ангелковска – IVа и Марко Бојаровски – IVв, со учество на учениците од IVa, IVб, IIIа, IIIб, IIIв, IIIг, IIв, IIг) следеше положување на заклетвата за прием во Детска организација.

На свечената приредба, организирана во чест на првачињата, заклетвата ја прочита  координаторот за Детска организација – одделенскиот наставник Елизабета Каранфилова, а првачињата едногласно ја положија. Откако  официјално станаа членови на Детската организација, минуваа под знамето на Р.С.Македонија, се почестија и им беа доделени пригодни подароци, по што пристигнаа и првите честитки од страна на нивните најблиски.

Нека им е со среќа!